Сабота, Февруари 17, 2018
Големина на фонт

Златко Бојаџиев

     Роден е во 1964 година во Скопје. Завршува Градежен факултет во Скопје, каде се стекнува со звање - дипломиран градежен инженер-хидротехничка насока. Работи како Градежен инспектор.


Со музика се бави од својата деветта година, најпрво дружејки се со хармониката, се до 1984 година кога главен инструмент му станува контрабасот. Како долгогодишен член (над дваесет години) на Ансамблот ,,Гоце Делчев" од Скопје, настапува на фестивали во многу земји и тоа: САД, Канада, Австралија, Тајван, Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Холандија, Белгија, Италија, Турција, земјите од бивша Југославија и други. Повеќе од десет години е член на фестивалскиот оркестар на „ГОЦЕ ФЕСТ“.
Поседува над дваесетгодишно естрадно искуство, а во „ЧАРДАШ БЕНД“ е од самото негово формирање.