Сабота, Февруари 17, 2018
Големина на фонт

Спасе Попов

    Роден е во 1953 година во Скопје. Завршува Електротехнички факултет во Скопје и се стекнува со звање - дипломиран електро инженер. 

Во музиката е активен од 1968 година и настапува како гитарист и вокален солист во многу локали во државава. Во првите години од кариерата практикува исполнување на забавна, соул и блуз музика, а во последниве дваесетина години се преориентира на народна (фолк) музика. Поседува пријатен и стабилен глас и огромен репертоар.