Сабота, Февруари 17, 2018
Големина на фонт

Васил Потиров

   Роден е во 1973 година во Скопје. Во групата свири на контра - прим, бузуки и гитара. Неговиот пријатен вокал и посебен стил на интерпретација даваат специфична боја на целокупниот звук. Музичката кариера ја започнува како рокер, но покажува и афинитети и кон народната музика. Повеќе од десет години настапува во Скопје и околината, најчесто со електрична гитара. Од 2007 година  свири тамбурашка музика какo член на „ЧАРДАШ БЕНД“.