Сабота, Февруари 17, 2018
Големина на фонт

Душко Божиновски

  Роден е во 1970 година во Скопје. Уште од осумгодишна возраст покажува афинитети кон музиката и кон инструментот-хармоника. Неговите предиспозиции ги забележува еден од најдобрите педагози и професори по хармоника, Никола Влахов, во чии раце почнува да ја гради кариерата и станува еден од најдобрите хармоникаши во државава и пошироко. Првите негови професионални чекори ги прави во КУД „Орце   Николов”, со многубројни настапи во земјава и во странство, а паралелно, средното образование го завршува во МБУЦ "Илија Николовски-Луј” во Скопје.

 
Во 1986 година на Републичкиот натпревар за хармоникаши го освојува I-то место и за кратко време се стекнува со високо реноме меѓу неговите колеги од музиката и естрадата. Десеттина години бил член на dream team- групата „Кода”, со која се стекнува со огромно искуство.  Настапува на многу концерти во странство и учествува во многу фестивалски и во студиски оркестри, снимајќи за најпопуларните пејачи и инструменталисти во земјава. Во „ЧАРДАШ БЕНД“ е од 2001 година. Неговиот стил на свирење и неговата техничка префинетост го прават главниот стожер на целокупниот звук на групата. Иако релативно млад, претставува репер за многу млади хармоникаши.