Сабота, Февруари 17, 2018
Големина на фонт

Драган Јовановиќ

       Роден е во 1960 година во Јагодина, Република Србија. Со музичко образование започнува од својата седма година во родното место, потоа продолжува на Музичката академија во Скопје. Во својата кариера свирејќи класична музика учествува на разни републички и државни натпревари каде во повеќе наврати успева да се закити со I или II награда. Настапува со Европскиот младински оркестар, составен од најдобрите европски инструменталисти во младинска категорија.

Кариерата ја продолжува во Германија, каде настапува со врвни мајстори од Унгарија и Романија. Таму има прилика да ја усовршува унгарската и романската народна музика. Во тој период настапува и во џез клубови со реномирани џез музичари, каде го дополнува своето знаење од џез музиката.

Особено се истакнува на полето на народната (фолк) музика, за што добива признанија и од колегите од македонската музичка естрада.

Покрај виолината, паралелно го совладува и клавирот, а хоби инструменти му се хармониката, тапаните и бас гитарата.
Неговата интерпретација се одликува со полн и траен тон и техничка стабилност, и дава посебна боја на звукот на Бендот, што слушателите и колегите никогаш не ги остава рамнодушни. Неговите виртуозни прсти ја милуваат виолината произведувајќи карактеристичен звук кој ги плени срцата. Тој е еден од основачите на „ЧАРДАШ БЕНД“.